Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, ќе се обиде во текот на летото да го ангажира напаѓачот на Тотенхем и на репрезентацијата на Англија, Хари Кејн, кој најави дека е подготвен да ги напушти популарните „спарси“.
Според објавеното во весникот – „Сан“, „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат дури 90 милиони фунти иако првиот човек на лондончани, Даниел Леви, не сака да го продаде Кејн во конкурентски тим од Премиер-лигата.
Сепак, понудената сума од страна на Манчестер Јунајтед може да ги натера челниците на Тотенхем да ја прифатат понуда со оглед на тешката финансиска ситуација поради глобалната криза предизвикана од пандемијата со ковид-19.
