Оле Гунар Солскјер кој беше ангажиран како в.д. тренер на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, најверојатно на крајот на сезоната ќе потпише долгорочен договор со англискиот клуб.
По неговото доаѓање на местото на Жозе Мурињо во изминатиот декември, „црвените ѓаволи“ заиграа фантастично и се вратија во трката за висок пласман во Премиер лигата. Згора на тоа тимот направи голема сензација откако го елиминираше фаворитот ПСЖ и влезе во 1 /4 финалето во Лигата на шампионите.
Англиските медиуми денеска пишуваа дека Норвежанецот планира нови играчи за наредната сезона и дека најверојатно ќе се ослободи од услугите на : Антонио Валенсиа, Маркос Рохо, Матео Дармијан, Хуан Мата и Алексис Санчез.

