Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ќе се обиде да донесе нов фудбалер од одбраната до крајот на преодниот рок.
Сепак тоа да се случи, „црвените-ѓаволи“ ќе мора прво да се ослободат од некој од стоперите кои се вишок во тимот – Фил Џонс или Маркос Рохо. Медиумите потенцираат дека норвешкиот тренер сака да го купи Упамекано од Ред Бул Лајпциг.
Младиот стопер неодамна го продолжи договорот до 2023 година, но, примамлива понуда од Англија ќе биде доволна да ја промени средината.