Тренерот, Оле Гунар Солскјер, побарал од раководството на Манчестер Јунајтед во најбрз можен рок да им бидат продолжени договорите на пет фудбалери.
Примарна цел е Бруно Фернандеш кој заработува 100.000 фунти неделно што е речиси четири пати помалку од платата која ја добива Давид Де Геа. Слична е ситуацијата со Хари Мегваер, Лук Шо и Маркус Рашфорд кои добиваат под 200.000 фунти неделно.
Клубот континуирано преговара со Пол Погба за неделна плата од 300.000 фунти. Французинот има отворена понуда да замине во ПСЖ.