Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, не крие дека е задоволен од вчерашниот настап на Дони ван де Бек на натпреварот против Брајтон во Лига купот на Англија.
„Црвените ѓаволи“ победија со 3-0 како гости и се пласираа во четвртфиналето. Холанѓанецот кој беше купен за 45 милиони евра од Ајакс започна како централен играч за врска а потоа играше и како лево крило.
„Дони ги има сите квалитети. Тактиката е основа на холандскиот фудбал. Ја разбира играта и паметен е. Дони е фудбалер кој може да игра на различни позиции“ – вели Солскјер.

