Фудбалскиот состав Манчестер јунајтед ќе се обиде по секоја цена да привлече централен напаѓач во јануарскиот трансфер период, пренесува –„Independent“.
Според весникот, управата на тимот и менаџерот Оле Гунар Солскјаер се договориле за две имиња што треба да го засилат нападот. Тоа се Марио Манџукиќ од редовите на Јувентус и Усман Дембеле од Барселона. Хрватот е ветеран а играчот на Каталонците е еден од најперспективните млади фудбалери и сигурно ќе биде исклучително тешко да се дојде до неговиот потпис.
Манџукиќ требаше да се пресели во Катар, но , трансферот пропадна во последен миг. Медиумите тврдат дека корпулентниот напаѓач дефинитивно во јануари ќе си замине од Италија и ќе се пресели во Англија.