Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, не размислува за можниот трансфер во Реал Мадрид кој го најави тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан.
„Среќни сме што повторно тренираме. Сега сме фокусирани на продолжението од шампионатот, трансфер? за тоа ќе размислувам откако ќе заврши сезоната“ – потенцираше голгетерот на „милионерите“.
Неговиот тим кој се бори со Баерн Минхен за шампионската тутула во Бундес-лигата, в сабота на домашен терен ќе се сретне со Шалке.