Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, категорично изјави дека поразот од Пари Сен Жермен во Лш нема да направи паника на „Олд Трафорд” и дека нема намера да прави промени во играта на тимот.
„Секогаш ќе има големи предизвици, така ќе биде и на госувањето кај Челзи. Знаеме дека против ПСЖ имаше период од седум, осум, десет минути, во кои се изгубивме. Еден пораз не менува ништо. Мораме да продолжиме да работиме“ –изјави тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед пред гостувањето кај Челзи во ФА Купот на Англија.
„Во 1999 ги победивме на „Стемфорд Бриџ“ за да стигнеме до финалето. Тогаш ги победивме и Арсенал и Ливерпул. Неодамна го гледав Челзи на мечот со Манчестер Сити, тие се противник за респект. Секогаш може да дадат два-три гола. Ќе биде тежок меч“ – изјави Солскјер