Мохамед Енуси го засили данскиот фудбалски состав Копенхаген откако потпиша договор до летото во 2027 година. 28-годишниот интернационалец играше како позајмен во Селтик од 2019 до 2021 година пред да се врати во Саутемптон.
„Мохамед одлично се вклопува во нашата стратегија.Тој има големо искуство во Премиер лигата и со репрезентацијата“ – објави Копенхаген.
Енуси за Саутемптон има 90 настапи со ефект од девет голови и 6 асистенции. За Норвешка има одиграно 52 меча и постигнато девет голови.