Откако стратегијата на Оле Гунар Солскјер да им даде поголема минутажа на младите фудбалери не вроди со плод на стартот на сезоната, тренерот на Манчестер Јунајтед, планира да донесе засилувања во текот на јануарскиот трансфер период.
Според најавите во медиумите во Англија, норвешкиот стартег го пикирал напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, кој има одлична сезона во Лига 1.
Весникот „Дејли Мејл“ дознава дека скаутите на Јунајтед го следеле фудбалерот на три натпревари во шампионатот на Франција. Дембеле во тековнава сезона на шест средби постигна исто толку голови.