Нотингем Форест ги побара аудио снимките од судиите по поразот од Евертон со 2-0 во неделниот меч во Премиер-лигата.
Клубот беше бесен откако беа одбиени три реакции за пенал при поразот на Гудисон Парк и преку социјалните мрежи објави дека биле сведоци на „исклучително лошо судење“.
Клубот посочи три клучни ситуации а во сите беше вклучен Ешли Јанг од Евертон кој прво го фаулираше Џовани Реина во шеснаесетникот во 24. минута, играше со рака во 44. како и прекршокот врз Калум Хадсон-Одои во 56. минута.