Нотингем Форест е во преговори за позајмица на левиот бек на Тотенхем, Серхио Регулион, соопштија дел од англиските медиуми.
Се верува дека разговорите се воделе во последниве недели додека Форест се обидува да најде покритие за левата бековска позиција. Регулион (25) беше редовен играч на Тотенхем откако дојде од Реал Мадрид во 2020 година, забележувајќи 67 настапи.
Сепак, со доаѓањето на Перишиќ, минутажата на Шпанецот ќе биде лимитирана. Тотенхем наводно сака целосно да ја покрие платата на Регулион, па останува да се потврди позајмицата деновиве.