Холдинг компанијата „Сити Фудбал Груп“ на својата веб-страница објави дека го купила управувачкиот пакет во белгискиот фудбалски клуб Ломел.
Ломел стана деветти клуб кој е под оваа групација која е исто така сопственик на Манчестер Сити (Англија), Њујорк Сити (САД), Мелбурн Сити (Австралија), Јокохама Ф. Маринос (Јапонија), Монтевидео Сити Торке (Уругвај), Џирона (Шпанија), Сечуан Јун (Кина) и Мумбаи Сити (Индија).
Ломел игра во втората дивизија на Белгија. Според резултатите од сезоната 2019-2020 година, која, поради пандемијата на коронавирусот, беше завршена предвреме во април, тимот го зазеде шестото место. „Сити Фудбал Груп“ е во сопственост на Абу Даби Јунајтед Груп, која е предводена од владејачкото кралско семејство на Емиратот на Абу Даби, Менсур бин Зајед Ал Нахијан.