Италијанската финансиска полиција изврши претреси во просториите на Рома, Лацио и Салернитана, кои се осомничени за нереални високи трансфери нафудбалери.
Истрагата против „волчицата“ се однесува на периодот од 2017 и 2021 година додека за лацијалите и Салернитана, фокусот е ставен на продажбата на играчи меѓу двата клуба кои имаа ист сопственик – Клаудио Лотито.
Претходно за непрописни трансфери Јувентус беше казнет со одземање на 15 бодови во тековниов шампионат.