Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година попладнево ќе ја пречека соодветната селекција на Холандија во рамките на второто квалификациско коло за Европското првенство 2025 година.
По големата гостинска победа над Шведска, избранците на селекторот Драги Канатларовски мотивирани го чекаат овој натпревар.
Со голот на Иван Николов во Шведска дојдовме до рана предност која ја задржавме до крајот. Сега, пред нашата селекција е нов, веројатно уште поголем предизвик. Во Скопје гостува Холандија која на стартот убедливо ја совладаа Молдавија со 3:0. Холанѓаните важат за фаворит во групата, во тимот имаат неколку фудбалери кои веќе се стандардни во редовите на најдобрите холандки екипи.
Сепак, з атоа како ќе играат во Скопје се прашуваат и нашите репрезентативци. Натпеварот се игра од 15:30 часот на теренот на Тренинг центарот„Петар Милошевски“ кај ФФМ.

