Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Нов предизвик за младите фудбалери, денес во Скопје им гостува Ерменија
    Фудбал

    Нов предизвик за младите фудбалери, денес во Скопје им гостува Ерменија

    risteBy riste11/09/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Младата фудбалска репрезентација на Македонија (У21) ја очекува нов предизвик во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство (ЕП) кое се игра во 2019 година. нашите млади фудаблери денес ја пречекуваат селекцијата на Ерменија, против која ја имаат единствената победа во овој циклус на гостувањето во Ереван.

    Со новиот селектор Добринко Илиевски и новата генерација која се подготвува за наредниот циклус, беше прикажана допадлива игра против Србија, но сепак загубија со гол во финишот од натпреварот. Токму селекцијата на ерменија и овој домашен натпревар може да бидат добра можност да се вратат на победите нашите млади фудбалери, но селекторот Илиевски предупредува дека нема да биде лесно.

    „На натпреварот со Ерменија очекувам тежок дуел, од причина што се работи за противник кој има две до три години постари фудбалери. Се работи за цврста репрезентација, која на фаворитите им даде голем отпор. Со Русија освои бод, а против Австрија загуби со 1:2. Се работи за агресивен ривал, кој ќе дојде тука да се надигрува и да бара реванш за поразот во Ереван. Очекувам борбен натпревар, противник кој ќе „гризе“ на теренот, но тоа и нас ќе ни биде генерална проба за натпреварите во следниот циклус“, изјави Добринко Илиевски пред натпреварот.

    Првиот натпревар во Ереван на стартот на квалификациите заврши со победа од 3:0 на нашата селекција, но тоа секако не треба да ги залажува нашите играчи и ќе мора да одиграат максимално мотивирано и на овој натпревар.

    Мечот меѓу младите селекции на Македонија и Ерменија се игра денес од 15:30 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија, а ќе го суди Алекс Тролеис од Фарски Острови.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.