Уште еден здравствен проблем го погоди Баерн (Минхен) во овој период од сезоната, слично како минатата година, пренесува „Билд“.
Корент Толисо има скината мускулна тетива што може да го извади од терените до шест месеци. Оваа повреда се случи за време на тренинг, кога се обиде да упати удар, а не при дуел со некој од соиграчите, додаваат медиумите.
Од почетокот на сезоната, Баварците имаа голем број здравствени проблеми и со коронавирус и со други повреди на клучни играчи, па дури и една од легендите на клубот – Томас Мулер, мораше да биде однесен со специјален медицински авион од Катар откако беше позитивен на КОВИД 19 на Светското клупско првенство, кој го освоија играчите на Ханзи Флик. Во моментов е изолиран, а поради повреди надвор од комбинација за настап се Серж Гнабри, Даглас Коста и Бенжамин Павар.
Самиот Толисо има само 14 настапи во Бундеслигата во текот на оваа сезона, бидејќи двапати имаше мускулни проблеми кои го извадија од терените. Баерн е лидер на табелата во Бундеслигата со 49 бода од 21 натпревар, втор е РБ (Лајпциг) со 44 бода.