Фудбалскиот репрезентативец на Аргентина, Папу Гомез, ќе биде суспендиран во наредните две години поради позитивен резултат на допинг, објави денеска Фабрицио Романо на неговиот профил на социјалната мрежа – „Фејсбук“.
Во објавата се потенцира дека Гомез допрва ќе ја дознае казната без да се наведе кога се земени примероците за анализа.
Фудбалерот на „гаучосите“ кои се актуелни светски шампиони, пред неколку месеци се раздели со шпанската Севилја и потпиша со италијанската Монца која настапува во Серија „А“.