Италијанскиот фудбалски состав Јувентус може да биде исклучен од Серија „А“ доколку се откријат неправилности во дел од трансферите, објави „Газета дело Спорт“.
Веста доаѓа откако властите заплениле документи од канцелариите на Јуве барајќи докази за прекршување на законот при реализацијата на трансферите. Во соопштението од обвинителството се вели дека има податоци за фиктивно регистрирани фирми кои издавале фактури за непостоечки трансакции.
Вкупно 42 трансферa во кои е вклучен Јувентус се под истрага Меѓу нив и на Жоао Кансело во Манчестер Сити во летото 2019 година, во кој „бјанконерите“ добија 32 милиони евра. Предмет на истрага е договорот со Барселона за Артур и Миралем Пјаниќ.

