Втор играч на Јувентус е позитивен на корона-вирусот. Станува збор за Вестон МекКени, по што целиот тим ќе оди во карантин во клупската база.
Кристијано Роналдо е исто така заразен, но, не е со екипата иако се врати во Торино. Клубот објасни дека нови тестови ќе бидат направени веднаш и сите што ќе бидат негативно ќе се вратат со нормален тренинг.
Тренерот, Андреа Пирло, во моментов работи со мал број на фудбалери кои немаат репрезентативни обврски.