Најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија, Работнички, од денеска има нов спонзор. Станува збор е компанијата за одржување игри на среќа – Видеолотарија Касинос Австрија (Државна Видеолотарија на Македонија) чија промоција како нов спонзор на тимот од Градски парк се одржа денеска.

Договорот со австриско-македонската компанија е постигнат по две недели откако беше потврдена и соработката со српскиот – „МТел“.

15-кратниот шампион во последниве неколку години се соочува со голема финансиска криза и секоја нова соработка со спонозорите треба да помогне да се надминат проблемите.