Италијанската фудбалска федерација би можела да го казни Јуве со одземање на нови 20 бодови поради нерегулирани плати, објавија медиумите во земјата.
Целиот процес на истрага ќе се одвива во март додека одлуката дали ќе има нови санкции се очекува во април или мај. Познато е дека „старата дама“ неодамна беше санкционирана со одземање на 15 бодови по што падна кон средината на табелата во Серија А.
Доколку клубот од Торино повторно остане без бодови, тогаш ќе падне на дното во рангирањето.