Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, денеска доби тажна вест од Германија дека починала неговата 81- годишна мајка, Елизабет.
Менаџерот на „црвените“ нема да може да присуствува на погребот поради ограничувањата предизвикани од пандемијата. Познато е дека Германија не им дозволува влез на патниците од Велика Британија.
„Таа беше сè за мене. Таа беше вистинска мајка во најдобрата смисла на зборот. Знам дека сега е на подобро место. Не можам да одам на погребот, но, што е можно побрзо, ќе ја одржиме церемонијата што таа ја заслужува” – рече Клоп.
