Дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате се соочува со две до три недели пауза од фудбалските терени поради повреда на тетивата.
Францускиот репрезентативец (23) се пожали на непријатност по поразот од Брајтон во ФА Купот во неделата и скенирањето последователно го потврди обемот на штетата.
Тоа е голем удар за Јирген Клоп, кој веќе е без Вирџил ван Дијк. Холанѓанецот, кој ги пропушти последните пет натпревари поради проблем со тетивата, се очекува да биде фит до средината на февруари.