УЕФА го суспендираше фудбалски состав Панатинаикос од евро-куповите поради неподмирени финансиски долгови.
Грчкиот состав има максимално турбулентен период и во континуитет се соочува со финансиска криза иако се променија неколку сопственици. Европската куќа на фудбалот потенцира дека клубот имал ултиматум до 1 март за да ги подмири долговите кон кредиторите, но, дека тоа не се случило.
Панатинаикос во моментов се наоѓа дури на 10-то место во домашниот шампионат и нема шанси да се избори за излез во Европа.