Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба нема да игра барем до почетокот на следната сезона и ќе го пропушти Европското првенство во Германија.
Се испостави дека тој ги скинал вкрстените лигаменти на коленото на последниот натпревар на неговиот тим против Виљареал, поради што ќе биде опериран. Овој фудбалер беше стартер, но ја напушти играта во првото полувреме.
Се очекува Алаба да закрепнува околу осум месеци, што значи дека нема да може да учествува на ЕП 2024 со австрискиот тим чиј капитен е.
Тоа е трета ваква повреда на играч од првиот тим на Реал Мадрид оваа сезона, поврзана и со одбранбената линија. Поради слични проблеми, голманот Тибо Куртоа и Едер Милитао се подолго време надвор од терените.

