Сестрите Илина и Ева Соколовски нижат успеси во ритмичка гимнастика во шампионатот на Германија. Илина (16) на стартот на натпреварувањето кое извесен период беше во прекин поради ковид, успеа да се накити со бронза. Таа настапи во екипна конкуренција во Берлин.

„Настапив со три точки, топка, чуневи и лента. Благодарејќи на високите поени во соло настапите, во наредниот месец ќе заминам заминувам за Леверкузен на интернационален настап“ – рече гордо Илина и се потсети на мигот во Софија кога имала можност да се запознае со нејзиниот идол.

„Неочекувано пред мене се создаде олимпискиот победник од Израел,Ашрам. Јас се израдував и ја повикав. Таа дојде до мене и се сликавме. Пресреќна сум, бидејќи таа е најдобра во овој спорт, го сонувам нејзиниот успех и сонот ми се оствари лично да ја запознам“ – вели Илина која со нејзината сестра, Ева, се подготвуваат за наредниот предизвик во Леверкузен.
