Премиерлигата најава дека поради честите случаи на фудбалери кои се враќаат КОВИД-19 позитивни од странство, сега ќе мора да прават нов вид на тестови.
Сепак, овој тест нема да го извршуваат самите клубови, туку медицински професионалци испратени од Премиерлигата. Покрај тоа, самиот тест ќе биде различен од вообичаениот PCR. Се работи за тестови кои се произведени во Хонконг, а резултатот се добива за половина час, за разлика од PCR тестот, кој, сепак, дава резултати по неколку часа.
„Веруваме дека ова дефинитивно ќе ја промени играта. Можеме да ги обработиме тестовите без потреба од лабораториски услови и резултатите се многу побрзи“ изјави Дани Јенг, извршен директор на компанијата „Пренетикс“ која е производител на овие тестови.
Сепак, Јенг признава дека PCR тестовите даваат поточни резултати, но мора да бидат обработувани во лабараториски услови што трае многу подолго

