На седум кола пред крајот на првенството, Брера Струмица остана без тренер. По последниот пораз од Вардар, струмичани се последни на табелата, а досегашниот тренер на тимот Тони Атанасов поднесе оставка.
Тренерот на младинската екипа не победи на ниту еден натпревар и освои само два бода од можните 24, па по Бојан Круљ и Горазд Михаилов, следува и трета тренеска смена во струмичкиот клуб.

