Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги загрижи своите навивачи пред настапот на Австралија Опен.
Најтрофејниот тенисер на сите времиња пред почетокот на турнирот во Мелбурн се пожали на повреда за време на подготовките. Во попладневната сесија Ѓоковиќ по точно дванаесет минути мораше да го прекине тренингот. Тој имаше болки во вратот и мораше да добие лекарска помош од медицинскиот тим.
Ждрепката за главниот турнир во Мелбурн е закажана за в четврток.
Новак Ѓоковиќ се надева дека ќе биде во добра форма и подготвен да им се спротистави на помладите колеги, а со тоа да покаже дека и понатаму може да оди на висок пласман на овој турнир.

