Следната сезона во Серија А може да започне на 12 септември. За овој датум, клубовите се договорија пред состанокот на собранието на лигата кој ќе се одржи во четврток, а каде треба да биде одобрено решението. З
а тоа да стане официјална, прво мора да биде одобрено од УЕФА, така што датумот да не биде во спротивност со распоредот на европските клупски натпреварувања.
Друга важна одлука е поврзана со датумот на истекување на договорите на играчите. Оние договори кои истекуваат на 30 јуни, според постигнатот договор ќе добијат нивно продолжување до 30 август, кога се очекува да заврши тековната сезона.