Еден од најдобрите фудбалери на Арсенал во тековнава сезона, Хенрих Мхтаријан, поради повреда на зглобот, ќе го пропушти мечот со Барнли закажан за утре во рамките на Премиер лигата на Англија.
Неговото отсуство е дополнителен проблем за менаџерот, Унаи Емери, кој поради здравствени причини не може да ги има во тимот и: Сеад Колашинац, Дани Велбек, Роб Холдинг, Константинос Мавропанос и Ектор Белерин.
Како делумно олеснување за Емери доаѓа веста дека централниот дефанзивец, Шкодран Мустафи, ја санирал повредата и дека ќе може да игра на утрешниот натпревар.