Кадровските проблеми за селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, изгледа немаат крај. Младиот стручњак нема да може да смета на крилото на Штутгарт, Крис Фјуерих за претстојниот натпревар од Лигата на нации против Холандија во понеделник. Ова го потврди и самиот тренер.
Офанзивниот фудбалер има истегнување на мускулот и нема да може да учествува на мечот со „лалињата“ во Минхен. Во прашање за натпреварот ќе биде и играчот за врска на Баерн, Александар Павловиќ. Тој има проблеми со коленото.

