Ла Лига ќе бара „раскин на договорот со Килијан Мбапе“ и ќе го изведе Пари Сен Жермен пред европскиот суд. Тоа го соопшти адвокатот на лигата во Франција, Хуан Бланко, за агенцијата Франс прес.
Случајот против ПСЖ ќе биде за „легалноста на договорот на Мбапе“, објасни адвокатот на прес-конференција.
„Француската лига воопшто не требаше да го признае овој договор. Комисијата мораше да ги идентификува клупските прекршувања на финансискиот фер-плеј на национално ниво и на меѓународно ниво“ – додаде тој. Доколку тие дејствија не се испочитуваат, случајот ќе биде упатен во Управниот суд во Париз.