Шпанските тенисери, Рафаел Надал и Карлос Алкараз, потврдија дека нема да учествуваат на турнирот во Монте Карло. Пред нив се повлече и Феликс Оже-Алијасим.
Тоа значи дека Ѓоковиќ сигурно ќе остане на врвот на АТП најмалку до турнирот во Барселона кој ќе се одигра на 16-ти април.
Претходната година на собирот во Монте Карло победи Стефанос Циципас од Грција.