Фудбалерите на Интер, Раџа Наинголан и Роберто Гаљардини, исто така, беа позитивни на КОВИД-19, објави „Газета дело Спорт“.
Така, четворица играчи на „нероазурите“ веќе се неизвесни и може да го пропуштат претстојното дерби со Милан поради коронавирусот. Другите двајца со позитивни резултати досега се Алесандро Бастони и Милан Шкрињар. Интер сè уште официјално не ги потврди резултатите од Наинголан и Гаљардини, но најверојатно тоа ќе го стори до крајот на денот.
Од друга страна во Милан, Златан Ибрахимовиќ и Лео Дуарте се оние кои имаа позитивни тестови.