Двајца фудбалери на Торино се позитивни на корона-вирус пред значајниот натпревар против Калјари, потврди денеска елитниот италијански клуб.
Имињата на играчите на „биковите“ не се објавени. Тие според протоколите веднаш се ставени во изолација.
Торино е 17-ти во Серија А, додека Калјари е веднаш зад него. Натпреварот меѓу двата тима ќе се одржи утре на теренот на Калјари.

