Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Нови пресметки во ЛШ, Наполи и Динамо Загреб со гостување во Глазгов и Милано
    Фудбал

    Нови пресметки во ЛШ, Наполи и Динамо Загреб со гостување во Глазгов и Милано

    risteBy riste14/09/2022No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денеска претстои нова серија на натпревари од второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Ќе ги видиме на дело некои од големите фаворити за трофејот, како и дел од тимовите кои се способни да направат изненадување.

    Во групата „А“ Наполи гостува кај Ренџерс и ќе се обиде да оствари втора победа откако пред една недела го совлада Ливерпул со 4:1. Сепак, не е лесно да се игра во Гразгов, а поддршката од домашната публика секако ќе биде еден од големите адути на шкотскиот гигант, кој е амбициозен да продолжи во осминафиналето.

    Во групата „Е“ Милан го пречекува Динамо (Загреб), кој во првото коло сензационално го совлада Челзи. „Росонерите“ почнаа со реми против РБ Салцбург и денеска ќе мора да одат само на трите бода.

    Во другиот натпревар од групата, Челзи игра против РБ Салцбург. Ова ќе биде официјално деби на Грем Потер на чело на „сините“ од Лондон, кои знаат дека се друго освен победа ќе се смета за неуспех.

    Групата „Ф“ ни носи два интересни натпревари, актуелниот шампион Реал Мадрид стартуваше со успех на гостувањето кај Селтик, а вечерва на својот „Сантијаго Бернабеу“ го пречекува РБ Лајпциг. Кралскиот клуб е во одлична форма и тоа не навестува добро за германскиот тим кој од почетокот на сезоната игра променливо.

    Интересен ќе биде и натпреварот помеѓу Шахтјор (Доњецк) и Селтик. Украинците во првото коло го совладаа РБ Лајпциг со 4:1, а евентуален нов успех значително ќе им ги зголеми шансите за пласман во директната елиминациска фаза.

    Пари Сен Жермен во групата „Х“ веќе го победи најсериозниот ривал во групата Јувентус, а сега ќе гостува кај Макаби (Хаифа) со јасна цел да го задржи својот 100% учинок. Лео Меси, Килијан Мбапе и Нејмар се ноќна мора за секоја одбрана и тешко дека израелскиот тим ќе може да се носи со нив.

    Јувентус не смее да погреши дома со Бенфика. „Старата дама“ настапува неубедливо од стартот на сезоната, но на овој меч мора да ги покаже вистинските квалитети доколку сака да избегне комплицирање на ситуацијата. Сепак, Бенфика е тежок противник и досега има само победи во сите натпреварувања.

    Во групата „Г“ со најголем интерес се чека пресметката помеѓу Манчестер Сити и Борусија (Дортмунд). Ерлинг Халанд ќе се соочи со својот поранешен тим кој стартуваше со победа против ФК Копенхаген (3:0). „Граѓаните“ имаат 3 бода благодарение на победата на „Рамон Санчез Писхуан“ каде ја  победија Севиља со 4:0.

    Севиља ќе му гостува на ФК Копенхаген во Данска и само победа ќе ги одржи реални шансите за едно од првите две места во групата. Двата тима никогаш досега не се сретнале на европските турнири.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови

    27/03/2023

    И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти

    27/03/2023

    Денеска тест против Фарските острови

    27/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови
    • И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти
    • Денеска тест против Фарските острови
    • Барселона со нов договор за Балде
    • Маркез скрши прст, нема да вози на ГН на Аргентина
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.