Полицијата во Шпанија објави дека шест лица се приведени под сомнение дека биле дел од договорен меч од Копа дел Реј.
Станува збор за натпреварот меѓу нисколигашот Хуракан Мелија и Леванте одигран на 2 декември 2021 година кој заврши со победа на гостите од 8:0.
Истрагата беше покрената по сомнителните влогови на интернет и во обложувалниците во Мелија.