Еден од клучните фудбалери на Челзи, Кол Палмер беше принуден да го напушти теренот на дербито со Манчестер Ј. во саботата само 20 минути откако почна натпреварот. Англискиот репрезентативец има проблеми со препоните уште од предсезоната, па и покрај решителниот напор да игра, мораше да биде повлечен од теренот откако му се вратиле болките, велат англиските медиуми.
„Кол се обиде денеска. Имаше тест утрово за да го одигра овој натпревар. Не беше 100 проценти подготвен. Вложи фантастичен напор да го одигра овој натпревар, но не беше 100 проценти подготвен. Болките му се вратија решивме да напраиме промена“, изјави по мечот Мареска.
Медицинскиот тим на Челзи сега внимателно ќе го процени проблемот со препоните на Палмер, бидејќи Мареска не може да си дозволи долго време тимот да остане без него.

