Проблемите со повредените играчи на Манчестер Јунајтед продолжуваат да се зголемуваат. Уште еден играч влегува во „болницата“ на Манчестер Јунајтед, тоа е Џеси Лингард.
26-годишниот Англиски репрезентативец влезе во игра како замена на мечот со АЗ Алкмар (0-0) во Лигата на Европа, но набргу потоа сигнализираше дека е повреден и не може да продолжи, со што „црвените ѓаволи“ мораше го доиграат мечот со 10 фудбалери на теренот.
Ова е уште еден проблем за менаџерот Оле Гунар Солскјер, кој не може да смета на Ентони Марсијал и Пол Погба. „Црвените ѓаволи“ се соочуваат со сериозни проблеми во нападот уште од почетокот на сезоната. Друг пример за ова беше средбата со АЗ Алкмар, во која тимот не успеа да упати ниту еден прецизен удар во рамката на противничкиот гол.