Доцна вечер од 21.00 часот ќе бидат одиграни последните два меча на стартот на елиминациската фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Реал Мадрид ќе биде домаќин на Манчестер Сити додека Лион ќе го пречека тимот на Јувентус.
„Граѓаните“ ќе бидат со голем мотив да се докажат против шпанците откако им беше забрането учество во ЛШ во наредните две сезони. Домаќините досега во 4-дуели не загубиле од Манчестер Сити. Можни состави: Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Варан, Рамос, Менди, Модриќ, Валверде, Каземиро, Крос, Винисиус и Бензема. Манчестер Сити: Едерсон, Волкер, Фернандињо, Лапорт, Зинченко, Де Брујн, Родри, давид Силва, Бернардо Силва, Стирлин и Агуеро. Мечот на „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид започнува во 21 часот а ќе го суди Даниеле Орсато од Италија.
Олимпик Лион нема што да загуби против Јувентус. Французите не се меѓу фаворитите во ЛШ, но, сигурно не треба лесно да се отпишат. Јуве, од друга страна, ќе се обиде да стигне до остварување на голема цел – титулата во Лигата на шампионите. Во составот на Лион ќе недостасуваат Мемфис Депај, Рафаел дос Сантос, Јусуф Коне и Џеф-Рене Аделаид. Кај Јувентус ќе ги нема Даглас Коста и Мерих Демирал додека неизвесен е настапот на Сами Кедира и Гонзало Игуаин. Добра вест е враќањето на Џорџо Киелини.Можни состави:Олимпик Лион: Лопеш, Денајер, Марсело, Марсел, Дубоис, Тусар, Аоур, Корне, Екамби, Дембеле и Терие. Јувентус: Шчесни, Данило, Бонучи, Де Лихт, Сандро, Рамзи, Пјаниќ, Бентентур, Квадрадо, Роналдо, Дибала. Натпреварот ќе биде одигран на стадионот „Олимпик парк“ во Лион од 21 часот, а ќе го суди Хесус Хил од Шпанија.

