По возбудливата прва вечер, групната фаза од Лигата на шампионите продолжува со осум натпревари од вториот ден. Меѓу нив се издвојува дуелот во Минхен меѓу Баерн и Манчестер Јунајтед кој е дел од групата „А“.
И по ждрепката, овој натпревар беше наведен како еден од оние кои ќе предизвикаат најголем интерес. „Црвените ѓаволи“ се во криза поради лошата игра и неубедливите резултати, додека Баварците веќе се на врвот во Бундеслигата со три победи од четири кола.
Во другиот натпревар од оваа група, турскиот шампион Галатасарај го пречекува ФК Копенхаген. Двете екипи се амбициозни да ги нарушат сметките на фаворитите во групата, поради што е многу важно секој од нив да освојува бодови.
Вицешампионот од Премиер лигата, Арсенал се враќа на турнирот на богатите со пресметка против ПСВ Ајндховен на „Емирати“. Лондончани се инспирирани да настапат на високо ниво, што ги обврзува да излезат од групата во која се и Севиља и Ленс. Актуелниот освојувач на Лига Европа, Севиља е домаќин на вицешампионот од минатата сезона во Франција – Ленс. Сепак, двата тима се во ужасна форма оваа сезона, а шансата за подобрување на формата ја гледаат во настапот во Лигата на шампионите.
Тимот кој знае како најдобро се игра во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, ја започнува оваа сезона со домашен натпревар против дебитантот Унион Берлин. Тоа е и еден од првите натпревари од денешната програма. „Кралевите“ доминираат во Ла Лига и водат со пет победи од пет натпревари, но и германскиот тим влегува во форма, постигнувајќи осум гола на последните два натпревари. Италијанскиот шампион Наполи е другиот фаворит во групата Ц. Наполитанците почнуваат со гостувањето кај Брага во Португалија.
Минатогодишниот финалист Интер ќе се обиде во новата сезона да стигнат што подалеку. Првата пречка е тешкото гостување кај Реал Сосиедад кој пред неколку дена му правеше проблем на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.
Шампионите на Португалија и Австрија – Бенфика и РБ Салцбург сепак горат од желба да постигнат нешто повеќе, поради што нивната пресметка во Лисабон се наметнува како доста неизвесна.