Бразилскиот напаѓач Нејмар може да го продолжи договорот со францускиот ПСЖ, и покрај сите разлики што беа помеѓу играчот и клубот, пренесува „ЕСПН“.
Одлуката ќе биде донесена во април или мај и ќе зависи од резултатите на ПСЖ во ЛШ. Договорот на 27-годишниот Бразилец со клубот важи уште 2,5 години, но веќе се водат неформални преговори помеѓу таткото на играчот и спортскиот директор на парижаните Леонардо.
Нејмар се приклучи на ПСЖ од Барселона летото 2017 година за 222 милиони евра. Како член на клубот, тој двапати стана шампион на Франција. Оваа сезона, напаѓачот одигра 15 натпревари за ПСЖ и постигна 13 голови. Во летото 2019 година беше јасна желбата на Нејмар да се врати во Барселона, но овој трансфер не се случи.