Фудбалерот, Антоан Гризман, кој во текот на летово го напушти Атлетико Мадрид и се пресели во редовите на Барселона, најави, дека подготвува нешто специјално за прослава на првиот погодок во дресот на Каталонците.
„Подготвувам посебна прослава на „Камп Ноу“, се надевам дека се ќе испадне како што планирам“ – потенцираше репрезентативецот на Франција без да открие повеќе детали.
Ќе потсетиме дека Барселона се определи да ја плати неговата откупна клазула која изнесуваше големи 120 милиони евра за да го ангажира на „Камп Ноу“.