Новиот селектор на Шпанија, Луис де ла Фуенте ги објави имињата на фудбалери на кои ќе смета на првиот натпревар по превземањето на селекцијата од Луис Енрике.
За одбележување е дека само 11 од играчите кои беа дел од проширениот состав на Шпанија за време на Светското првенство во Катар добија повик. За разлика од претходната селекција, овојпат место во групата најдоа повеќе играчи на Реал Мадрид отколку во последните сезони. Меѓу повиканите се Дани Карвахал, Дани Себаљос и Начо Фернандез, кој не е дел од тимот од 2018 година. Сепак, тоа не важи за Марко Асенсио. Сепак, за прв пат по многу години, Серхио Бускетс не беше повикан. Двајца други играчи на Барселона – Жорди Алба и Ерик Гарсија беа изоставени од тимот. Педро, Гави и Алехандро Балде се претставници на Каталонците. Хоселу и Давид Гарсија ги добија првите покани за настап во националниот тим.
Според шпанските медиуми, некако изненадува и вклучувањето на Кепа Аризабалага, Брајан Хил и 35-годишниот Иаго Аспас. Де ла Фуенте пред неколку недели веќе му кажа на Серхио Рамос дека нема да биде вклучен, по што дефанзивецот на ПСЖ објави дека ја завршува кариерата во репрезентацијата, па неговото отсуство не е изненадување. Шпанија игра со Норвешка на 25 март, а со Шкотска три дена подоцна.