Јапонецот, Кобајаши, кој jа обезбеди титулата во Светскиот куп во ски-скокови, имаше најдобар резултат на денешните квалификации реализирани на скокалницата – „Планица“ во Словенија.
Тој прескокна 248 метри и освои 247,8 поени. Втор резултат направи Германецот, Маркус Ајзенбилер, кој исто така имаше скок преку 248 метри, но, освои помалку поени. На третото место остана домашниот натпреварувач, Тими Зајц кој доби 236 поени со прескокнати 239 метри.
Главното натпреварување на „Планица“ е закажано за утре. В сабота ќе бидат тимските скокови а ден потоа ќе се реализира и последното сезонско натпреварување во поединечна конкуренција.