Хуеска обезбеди историски пласман во шпанската Примера за следната сезона, но е на пат да се најде пред истражните органи поради сомневање дека нивниот меч од 41. коло од шпанската Сегунда против Гимнастик бил наместен.
Како што објавија шпанските медиуми, на споменатиот дуел одигран пред неколку дена, е забележан голем раст на уплати на играта X-1 (на полувреме да биде нерешено, а на крај победа за Хуеска) особено во Азија и во Украина. Букмејкерите алармирале за случајот, кој сега се најде под истрага и на шпанската Ла Лига.