Шкотски Селтик го објави назначувањето на новиот тренер. Брендан Роџерс поднесе оставка од позицијата на 28 октомври, а синоќа Келтите го потврдија назначувањето на Вилфред Нанси за нов тренер на првиот тим. Тој потпиша договор на две и пол години.
Вилфред ќе ја започне својата нова улога на 4 декември 2025 година. Тој се приклучи во Селтик од клубот од МЛС лигата, Колумбус, каде што ги освои Купот и Лига купот на МЛС, а беше прогласен и за тренер на годината во 2024 година.

