Шпанскиот фудбалски стратег, Микел Артета, успеа да се израдува на првата победа на чело на Арсенал откако неговиот тим вчера го совлада Манчестер Јунајтед со 2 спрема 0. Веднаш по дербито реализирано на „Емирати“, Артета нагласи дека е задоволен од прикажаното.
„Одигравме одлично и тоа ме прави среќен. Сакам да им се заблагодарам и на навивачите бидејќи навистина беа одлични. Тоа што го замисливме уште во првиот дел го направивме. Во вториот паднавме на физички план, но, успеавме да го задржиме водството“ – вели Артета.
Популарните „топчии“ имаат катастрофална сезона во Премиер лигата бидејќи по 21 коло се наоѓаат дури на 10-та позиција на табелата со скромни 27 бодови.

